Психо-социјална онеспособеност, закрепнување и програмата NDIS

Националната програма за осигурување при онеспособеност (National Disability Insurance Scheme - NDIS) е новиот начин за обезбедување на поддршка при онеспособеност за да можат луѓето да живеат нормален живот. Програмата NDIS сфаќа дека секој човек има различни потреби и цели.

Што е тоа психо-социјална онеспособеност?

Психо-социјална онеспособеност е израз што се користи за да се опишат онеспособености што може да произлезат од проблеми со душевното здравје. Иако не мора да значи дека секое лице што има проблем со душевното здравје ќе искуси психо-социјална онеспособеност, оние на кои им се случува тоа трпат тешки последици и се наоѓаат во неповолна положба во општеството. Луѓето со значителна онеспособеност која најверојатно ќе биде трајна можеби ги исполнуваат условите да добиваат поддршка од програмата NDIS.

Што е тоа закрепнување?

Кога луѓето зборуваат за закрепнување на душевното здравје, тие активно настојуваат да изградат живот во кој ќе придонесуваат, и покрај нивните проблеми со душевното здравје.

Тоа не значи да живеат без знаците на душевната болест или без спреченостите и онеспособеностите што може да ја придружуваат болеста. Дури и кај луѓето чии проблеми поврзани со душевното здравје добро реагираат на преземените мерки, може да се случат нови напади на знаците на болеста. Тоа може да доведе до функционални попречености и до психолошки онеспособености што може да бидат повремени или постојани, исцрпувачки и долготрајни.

Под закрепнување се подразбира постигнување на најдобра можна состојба на лична, општествена и душевна добросостојба, како што тоа го подразбира секој поединец за себе, додека лицето живее со некоја душевна здравствена состојба или додека закрепнува од таква состојба.

Ние се залагаме да осигуриме дека преку начинот на кој е обмислена програмата NDIS и нејзината примена учесниците со психо-социјална онеспособеност добиваат поддршка во закрепнувањето и им се враќа надежта.

Многу е значајно што ние сфаќаме дека надежта и вербата се елементи што го поттикнуваат закрепнувањето. NDIS обезбедува:

  • Избор и контрола за учесниците: За патот кон закрепнувањето најдобро може да просуди учесникот. Поддршките вклучуваат развивање на способноста за самостојно справување со состојбата, вклучувајќи го избирањето на поддршките и кој ќе ги дава.
  • Доживотна обврска за поддршки и финансирање според потребите: Закрепнувањето е можно. Тој пат е личен, а поддршката што ја добивате тогаш кога ви е потребна е клучниот составен дел на закрепнувањето.
  • Зголемена самостојност и општествено и економско учество: Учеството во заедницата преку општествено учество, образование и работа помага да се развијат отпорност и цели. NDIS се залага да финансира поддршки што им помагаат на учесниците да ги зголемат својата самостојност и општественото и економско учество.
  • Поддршка за партнерски приод: Поддршката што се дава преку програмата NDIS е сосредоточена на онеспособеноста, но е насочена кон закрепнувањето. Таа е поврзана со разни видови на поддршки во зависност од потребите.

Како ќе ме поддржи програмата NDIS?

NDIS е нов начин за давање поддршка на луѓето со психо-социјална онеспособеност и дејствува со позитивно влијание врз вашиот секојдневен живот. Таа ќе создаде можности во заедницата и сигурно финансирање на поддршки, и ќе им даде на луѓето поголем избор на поддршки и на начинот на кој ги добиваат. Кога NDIS ќе биде целосно воведена во 2019 година, вкупниот износ на финансиски средства на располагање за поддршка при онеспособеност ќе биде речиси двојно поголем одошто според претходниот систем.

Каква приспособливост ми се нуди?

NDIS е обмислена да биде приспособлива и да ги задоволи личните потреби на секој учесник. Знаеме дека тешкотиите со душевното здравје може да се одликуваат со разлики во степенот на нивната изразеност („епизоди“). Вашиот NDIS план ќе води сметка за таквите промени обезбедувајќи приспособлив буџет за да може поддршките да се зголемуваат и намалуваат според потребата.

Ние сфаќаме дека закрепнувањето е можно дури и кога има тешкотии или кога лицето е во криза. Како такви, приспособливите поддршки се клучен составен дел од патот кон закрепнување на учесникот.

Во лично приспособениот план на учесникот се запишани неговите цели и колкава финансирана поддршка му е потребна за да ги постигне тие цели. За тоа како ќе се дава поддршката се договараат учесникот и давателот на поддршката. Тоа може да вклучува користење на повеќе часови поддршка во текот на кризни периоди, а помалку кога состојбата е добра.

Во лично приспособениот план на учесникот исто така се запишани неслужбените видови на поддршка што ги добива (од пријателите и семејството), заедно со поддршките што ги добива од неговата локална заедница и од други државни системи. На тој начин може да соработуваме со вас и со организациите во заедницата за да се погрижиме поддршките и натаму да ги задоволуваат вашите потреби со текот на времето.

Како NDIS соработува со другите системи?

NDIS е замислена да работи покрај постојните државни системи за услуги, вклучувајќи ги здравството, образованието, домувањето и службите специјализирани за лекување на душевното здравје. На луѓето што имаат проблеми поврзани со душевното здравје честопати им е потребна поддршка од низа извори како што се заедницата, семејството, пријателите, локалните или приватните служби за душевно здравје и други редовни системи. NDIS тесно и партнерски соработува со таквите други системи за поддршка и не претставува замена за нив.

Системите за здравство и душевно здравје ќе соработуваат со учесниците кога им е потребна клиничка интервенција или медицинско лекување. Тие се справуваат со психијатриски состојби и душевни болести. Тоа вклучува: сите медицински и клинички услуги како што се општи лекари, лекување на душевното здравје од психијатари или психолози, нега во текот на престој во болница, престој во болница или во дом за нега, рехабилитација, лекови и фармацевтски потреби.

Системот за здравство исто така е надлежен и за други услуги поврзани со здравјето како што се заболекарска нега, стручњаци за исхрана, физикални терапевти, палијативна нега и нега од медицинска сестра. Поединци и семејства понекогаш исто така имаат улога во финансирањето на медицинските и клиничките услуги, како што се трошоци од сопствен џеб или доплаќања на разлика во цената. NDIS не ги покрива тие трошоци. Помагањето на учесниците да пристапат кон соодветните делови од системот на услуги кога тие им се потребни може да биде дел од планот на учесникот, ако е тоа потребно.

Повеќе информации

Посетете ја интернет страницата на NDIS или телефонирајте:

Телефон 1800 800 110* од понеделник до петок

За луѓе со оштетен слух или говор

TTY машина за пишување по телефон: 1800 555 677

Служба Speak and Listen: 1800 555 727

За луѓе на кои им треба помош со англискиот јазик

TIS (Преведувачка служба) 131 450

Најдeте нè на Facebook/NDISAus

Следете нè на Twitter @NDIS

*Повиците до телефонски броеви што почнуваат на 1800 од фиксни телефони се бесплатни. Повиците од мобилни телефони може да се наплаќаат.

Contact us accessibility services

Translating and interpreting

For a free-of-charge translator or interpreter phone 131 450

If you have hearing or speech loss

TTY: 1800 555 677
Speak and Listen: 1800 555 727

National relay service

Visit the National Relay Service website or phone 1800 555 727 then ask for 1800 800 110

This page current as of
9 September 2020